Бронзено огледало во одлична состојба, старо 1.900 години е откриено во Фукуока, Јапонија. Артефактот се издвојува по неговата фантастична состојба и интригантниот натпис врежан на неговата површина, кој најверојатно си ја остварува целта.

Според Асахи Шимбун, огледалото било направено во Кина за време на подоцнежната династија Хан (25-220 н.е.). Тоа изнесува 11,3 сантиметри. Дезенот врежан на артефактот значи дека се класифицира како „поврзано-лак огледало“. Текстот впишан во огледалото гласи: „chang yi zisun“, што значи „да им биде од корист на идните генерации засекогаш.“

Изгледа дека натписот се остварува, бидејќи истражувачите веруваат дека артефактот може да помогне во идентификувањето и датирањето на други артефакти од крајот на Yayoi периодот. Огледалото исто така помага да се подигне свеста и интересот за минатото, како преку изложбата во Музејот на град Фукуока.

Официјалните власти изјавиле дека огледалото е посебно, бидејќи е пронајдено непроменето и многу добро зачувано. Влажната средина веројатно помогнала да се зачува огледалото и покрај долгиот временски период. Се вели дека е во толку добра состојба што се уште може да се види лицето, иако сликата е малку искривена.

Хиденори Окамура, професор по кинеска археологија со Универзитетот во Кјото, даде некои основни информации за ископувањето и можното користење на бронзеното огледало: „Местото на наоѓање не е гробница, па затоа огледалото можеби било користено во верски обреди“. Исто така со огледалото била пронајдена и грнчарија која датира од средината до крајот на Yayoi период.

Како што истакнува Њусвик, периодот од кој огледалото потекнува се однесува на време кога јапонските пратеници двапати патувале кон копното – за дипломатски мисии во 57 и 107 година од н.е. Исто така и кога металургијата дојде во Јапонија од некои области во Кореја и Кина.

Огледалата можеби немаат многу вредност денес, освен за нивната практична примена, но овие објекти биле ценети и се користеле за создавање или зацврстување на политичките сојузи во минатото.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено