На интернет се појави чудна слика со бик кој има рог како еднорог, кој му расте на средината на неговото чело. Со оглед на тоа што биковите вообичаено се раѓаат со два закривени рога кои растат на двете страни од главата, бразилскиот бик наречен Дијамант е малку различен. Наместо тоа, мускулестиот кафеав бик има само еден прав рог кој му расте помеѓу очите.

ed01

Уште од дамнешни времиња се раскажувало за еднорози, а во 20-от век научници како д-р В.Ф. Доув минувале долги години од својот живот во обид да создадат еднороги јарци, крави и други животни на кои ќе налетале во шталите. Во еден од неговите проекти успеал да одгледа бик на кој му пораснал еден рог, со цел да ги имитра познатите митски еднорози. Животното останало во живот само три години.

ed02

Иако се невообичаена глетка, во повеќе наврати биле забележани копнени и морски животни со еден рог. Двајца рибари уловиле туна во Коралното Море, во близина на брегот на Квинсленд, којашто имала еден рог кој ѝ излегувал од главата.

ed03

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено