Френсис Мутуа е уметник од Најроби и има само една цел: да го спаси прекумерно загадениот океан, дел по дел, со помош на својата уметност. Но, во овој проект, тој не е сам. Тој е член на поголемо семејство наречено Ocean Sole, кое има за цел да ја исчисти Земјата и да го трансформира непознатиот проблем со влечките во уметност.

Освен што ќе ви се допадне неговата уметност уште поважна е и благородната намера на Френсис, да го направи овој свет подобро место за живеење.

Меѓу милијарди тони пластичен отпад што е фрлен во океанот, голем дел од него се состои од влечки.

Освен што ја загадуваат водата и се опасност за морскиот живот тие исто така ги блокираат патиштата кои обезбедуваат чиста вода за заедниците и водата која се користи за наводнување на културите.

Френсис и организацијата рециклираат повеќе од 74 тони влечки годишно, трансформирајќи ги во прекрасни и шарени животни од сите големини.

Според Френсис прават околу 8 животни дневно и сите се продаваат во странство.

Сите уметнички дела се прават рачно од уметникот.

Сподели на Facebook
пати видено