За да се создадат вистински уметнички дела не се секогаш потребни скапи алатки. Уметницата од Јапонија, Масајо Фукуда, повеќе од 25 години користи само скалпел, хартија и фенерче.

И тоа не ја спречило да создаде цела низа жители на подводниот свет, кои изгледаат како живи. Сепак Масајо не изработува само животни од подводниот свет, меѓу нејзините дела има птици, луѓе, цвеќиња.

Уметницата исто така е позната под псевдонимот Кири Кен (Меч кој сече), бидејќи работи во техниката Кирие. Ова е еден вид традиционална јапонска уметност. Масајо живее со својот син и сопруг, учествува на уметнички изложби во Јапонија. Неодамна, добила многу нарачки, па планира да отвори онлајн продавница каде што може да ги продава своите дела.

За својата најдобра работа уметницата го смета октоподот, кој го направила на А2 лист во рок од 2 месеци. Еве некои од нејзините прекрасни дела. На крајот како бонус, можете да видите како се одвива процесот на изработка.

Сподели на Facebook
пати видено