Тоа бил меч кој доминирал на боиштата во различни краишта на Европа, меч илјадници години пред своето време, изработуван од мистериозни мајстори. Иако повеќе народи го употребувале, мечот се припишува на Викинзите и бил во употреба во периодот 800-1000 г.н.е. Претставувал ремек дело изработено од чист челик и следните 1000 години не можел да се види никаде во Европа. Кога бил во употреба, со него можеле да се пофалат само избрани воини.

mc01

Зошто овие мечови го имаат врежаниот натпис Улфбрехт сѐ уште е енигма, бидејќи тоа име не се јавува во пишаните текстови од тоа време. Можеби е местото кадешто бил изработен мечот или некаков вид потврда дека се работи за автентичен меч. Досега се испитани 44 Улфбрехт мечови и било докажано дека се изработени од чист челик, иако имало и копии кои биле со добар квалитет. Фактот дека овој вид мечови се јавуваат во период од преку 200 години докажува дека не ги изработувал еден мајстор.

Крстот присутен на Улфбрехт мечовите би можел да посочува на врска со Римокатоличката црква која доминирала со империјата на Франките. Познато е дека црквата била голем производител и распространувач на оружје. Крстот ставен пред име бил обичај практикуван единствено од страна на бискупите и игумените, па така Улфбрехт можеби било име на некое свештено лице, или дури и име на манастир.

mc02

Биле најдени илјадници Улфбрехт мечови ширум Европа, при што повеќето од нив биле најдени во реки или ископани од викиншки погребни локалитети низ Европа и Скандинавија, но само 170 мечови се потврдило дека се автентични Улфбрехт мечови.

Вообичаено со векови се употребувало лиено железо за изработка на оружје и оклоп за воините. Железото само по себе било премногу меко, па така мајсторите додавале јаглерод од јаглен претворајќи го во челик. Типичните викиншки мечови имале ниско количество јаглерод и имале голем процент на згура, неметален дел од рудата кој не бил раздвоен од металот и што го правел мечот послаб. Ковачите низ Европа не можеле да создадат челик без згура бидејќи нивните огништа едноставно не биле доволно жешки за да го стопат железото во течна форма. Денес тоа се постигнува со загревање наметалот до преку три илјади степени што прецизно ја отстранува згурата и дозволува додавање на повеќе јаглерод.

mc03

Во времето на Викинзите било многу тешко да се додаде јаглен на железот и тоа било правено непрецизно и случајно преку огнот, а единствениот начин да се направи обид да се отстрани згурата бил преку ковање. Истражувачите веруваат дека илјадници мечови најдени на европскиот континент биле изработени од таков инфериорен челик, сѐ додека д-р Алан Вилијамс, консултант археометалург за збирката Волис, не анализирал автентичен Улфбрехт меч.

Истражувањето покажало неверојатни сличности на челикот на овој меч со современите чеични предмити, при што јаглеродот бил присутен во количество трипати поголемо од тоа на просечниот средновековен челик. Ова го става мечот Улберхт најмалку 1000 години пред неговото време. Во тоа време никој во Европа не знаел како да стопи железо на толку високи температури, и ваквиот лиен челик се појавил дури за време на индустриската револуција во 18-тиот век. Како тогаш Викинзите успеале да се здобијат со ваква напредна технологија. Викинзите биле напредни во многу погледи; не биле само бестрашни воини, туку и вешти трговци и морепловци за кои се верува дека стигнале до Америка и Азија.

mc04

Ковачите од Азија ги произведувале најдобрите мечови во историјата на човештвото, при што еден таков пример е прочуената димискија, која има сличен состав со мечот Улфберхт. Во современа Скандинавија биле најдени многу артефакти кои потекнуваат од Азија, Индија или други источни краишта на светот. Во Скандинавија често биле разменувани исламски монети. Според истражувачите, повеќето од овие мечови се датирани речиси во исто време на постоењето на Волшкиот трговски пат. Научниците сметаат дека железото употребено во изработката на овие мечови потекнува од просторите на современ Иран. Се претпоставува дека Викинзите се здобиле со оваа руда во замена за крзно. Волшкиот трговски пат го губи своето значење во 11-тиот век поради снемувањето на сребро во Абасидскиот калифат, со што трговскиот пат од Варјагите до Византијците, кој одел по течението на реката Дњепар до Црното Море, добил поголема тежест.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено