На следниве слики ќе можете да ги видите гламурозните жени војници кои се на фронтот откако кризата го зафати истокот на земјата. Овие убавици во маскирна униформа и вооружени со пушки и автомати стапиле во армијата во одбрана на својата земја по смената на законот за одбрана со што и на жените им се овозможило да служат војска.

Во поголемиот дел на војната, која започна пролетта 2014 година, официјалните воени сили не им дозволувале на жените да одат на борбените линии. Наместо тоа, тие имале можност да се придружат на паравоените групи. Но, во јуни оваа година украинската армија го смени законот дозволувајќи им на жените – на кои порано им беше дозволено да бидат само медицински лица, готвачки и други видови логистика – да бидат рамноправни и да се стекнуваат и со офицерски чинови. За да можат да стапат во армијата, морале да минат низ строги физички и психолошки тестови. Во овој миг жените сочинуваат 8,2 отсто од украинската армија и нивниот број изнесува околу 17 000.

uk01 uk02 uk03 uk04

Сподели на Facebook
пати видено