Репортер на британскиот Канал 4 бил укорен откако изјавил дека британските муслимани се „продажници и чичко Томовци“ ако учествуваат во исламски настани организирани од страна на британската влада. „Чичко Том е погрден израз за црнец кој им се покорува на белците. Триесет и четиригодишниот истражен новинар Асед Баиг, кој бил роден во Бирмингем, но сега живее во Лондон, исто така на една дискусија на Твитер тој за умерените муслимани го употребил погрдниот израз „куќни муслимани“.

ms01

Покрај тоа, тој се залага овие погрдни изрази да не се сметаат за навредливи, туку да бидат усвоени во јавниот политички живот, како и изразот „кокосов орев“, кој исто така е погрден израз за т.н. предавници и продажни души, бидејќи кокосовиот орев однадвор е темнокафеав, а одвнатре бел.

ms03

ms02

Неговите твитови биле пријавени преку политичкиот блог на Гвидо Фокс и од некои биле искритикувани на Твитер, но други пак го бодреле велејќи му да продолжи со добрата работа и доброто известување.

Што покажува сево ова? Дека емигрантите дојдени во муслиманското општество тешко се интегрираат и се под силно влијание на радикалниот ислам. Асед Баиг бил роден во Британија, а сепак ја презира лојалноста на муслиманите кон британската држава. Друг радикален пример за овие тенденции е неодамнешното убиство на Асад Шах, муслиманин сопственик на продавница од Велика Британија кој на своите сограѓани и купувачи од христијанска вероисповест им посакал среќен Велигден.

ms05

Сподели на Facebook
пати видено