Професорот по наука Цезар Пунзалан (50) пешачи по 8 километри во еден правец за да стигне до средното училиште во Лагуна, Филипини.

Неговите чевли биле стари и веќе искинати, па неговите ученици биле загрижени дека нема може да си дозволи нов пар бидејќи ја троши целата плата, за потребите на своето семејство.

Учениците на возраст од 16 и 17 години, смислиле начин како да му ја покажат својата почит на професорот за својата мака, па сите заедно собрале пари и му купиле нов пар црни кожни чевли.

Професорот имаше наплив на емоции откако во кутијата пронајде нов пар црни чевли. Тој рече:
„Вие не треба да го правите ова. Зошто сте се трошеле? Во мојата професија како учител, не очекувам ништо за возврат.“

Сподели на Facebook
пати видено