Михаил Попков (53) популарно наречен Врколак бил обвинет за 82 убиства и лежи под доживотна затворска казна. Поранешниот  руски полицаец имал намера да ги „исчисти“ Ангарск и Сибир од проститутки и неморални жени. Жртвите ги силувал за потоа свирепо да ги убие, прободувајќи ги со ножеви, секири и штрафцигери.

Приказната започнува пред 2 децении, поточно од 1992 година кога по паѓањето на Советската Унија кога тој започнал со убивање жени. Како што признава тој, својот семеен живот го одвоил од овој. Неговата сопруга и ќерката не знаеле за криминалите кои ги сторил, ниту пак се сомневале.  Во служба на полицаец, тој теророт го започнал на својот реон во Иркутск.

Жртвите, како што вели тој биле жени на возраст од 17 до 38 години. Тој ги убивал со причина, оние кои се однесувале неморално, најчесто ноќно време ги собирал од улица нудејќи им непристојни предлози,  да се провозат, да се напијат и да имаат интимни авантури. Ја користел неговата полициска кола како мамка, ги водел во напуштени области каде ги убивал.

На тој начин сакал да ги казни за нивното погрешно однесување, освен во еден случај со жена по име Елена Дорогова, која ја сретнал на железничката станица чекајќи ја нејзината мајка. Таа била трезна, но тоа не го спречило да ја убие и нејзе.

По откривањето на неговите грозоморни дела, неговата ќерка Екатерина и сопругата Елена започнале нов живот, со тоа што одбиле да поверуваат во делата кој тој ги сторил.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено