Кога средновековниот прстен бил откриен од страна на бугарски археолози кои ги ископувале остатоците од средновековната тврдина Калиакра, во близина на градот Каварна на бугарското крајбрежје на Црното Море, биле изненадени кога откриле дека немал само декоративна улога, туку имал многу злобна намена, служел за убиство.

Прстенот кој бил пронајден во 2012 година, имал дискретна преграда на местото каде што најчесто се наоѓа скапоцениот камен на прстенот. Шуплината е доволно голема за да се сместат неколку капки течност и се смета дека се користел за да се стави отровот во храната или во пијалокот наменети за жртвата.

Кога била интервјуирана во времето на наоѓањето, заменик-директорот на Националниот институт за археологија и музеј во Софија, Бони Петрунова, ја претпоставила мрачната функција на прстенот.

„Не се сомневам дека дупката е направена со намера и прстенот се носел на десната рака бидејќи дупката е направена на таков начин за да биде покриена со прст, така што отровот може да се испушти без некој да забележи. Секако не бил носен постојано и бил ставан по потреба.“, изјавила Бони.

Се смета дека прстенот е прв од ваков вид пронајден во Бугарија и бил сместен во област која била дом на локалната аристократија. Ова води кон шпекулации дека се користел во политички мотивирани убиства што се случиле во втората половина на 14 век.

Постоела вознемиреност меѓу владетелот на независната Добротица и неговиот син Иванко Тертер, расправија која била одговорна за смртта на многу членови на благородништвото во тоа време. Иако првиот пронајден во Бугарија, ова е далеку од првиот прстен дизајниран за оваа цел. Се смета дека оригиналната употреба на отровни прстени е за луѓето да извршат самоубиство за да избегнат тортура или понижување. Се смета дека Ханибал користел отров од прстен за да избегне заробување од Римјаните. Исто така е забележано дека древниот грчки оратор Демостен извршил самоубиство во 322 п.н.е., откако избегал од заробеништво и стигнал на светилиште на островот Калаурија. Кога требал да биде уапсен испил отров од шупливиот прстен на неговата рака.

Отровите тогаш биле јавно достапни и има многу други примери на прстени од различни дизајни за криење на отровот. Употребата на отров како оружје против непријателот му дала одличен поттик во 8-от век на арапски хемичар кој направил форма на арсен без мирис и без вкус, многу атрактивна опција за атентаторите.

Во ренесансата, луѓето продавале отровни прстени, ножеви, писма, па дури и отровен кармин. На овој начин, можноста да се изврши релативно безризичен обид за убиство била ставена на располагање на масите.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено