Животот се состои од подеми и падови. За да станеме исправено првин треба да паднеме и да се избориме за успехот и добрите денови. Затоа наредниот пат кога ќе бидете очајни сетете се на овие мисли и продолжете понатаму, затоа што понекогаш патот на болката води кон успехот. Цитатите се одбрани од „Книгата на радоста“.

1. Страдањето е можност која судбината ни ја подарува. За да научиме како да бидеме силни и да се соочиме со опасностите и искушенијата.

2. За да се развие и да го негува својот дух човекот мора да почувствува некое искушение, лишување или разочарување. Значи тој добива различни лекции. Секој треба да се прочисти.

3. Начинот на надминување на тагата и болката што сме ги освоиле преку голема загуба е да ги користиме како мотивација и да откриеме подлабоко значење на она што се случува.

„Битките можат да се претворат во добри можности. Дури и трагична ситуација може да стане можност. – Тибетска поговорка.“

4. Патот на радоста исто како и патот на тагата, не нѐ крева од патот на страдањето, туку не приморува да поминиме низ него.

5. Со својот духовен раст, можете да прифатите сѐ што ни се случува. Ние не го прифаќаме ние сме виновни за тоа што се случило туку дека тоа е само дел од ткаенината на животот. Во животот постојат моменти на ќор-сокак и фрустрација. Прашањето не е „Како можам да ги избегнам проблемите?“ туку „Како да ги претворам во нешто позитивно?“

6. Болката е неизбежна, страдањето е по избор.

7. Секогаш умот треба да ни биде среќен. Кога сме среќни на ментално ниво физичката болка не е многу важна. Но ако нема радост или среќа во нашиот ум, ако има премногу грижи и страв, тогаш дури и физичките задоволства нема да ги смират нашите внатрешни немири.

8. Кога ќе најдеме поголема радост, можеме да се соочиме со страдањето на начин кој не облагородува, наместо да остава горчина во нашите души. Ние поминуваме низ тешкотиите, без да ни се скамени срцето.

9. Можеме да ја излечиме сопствената болка со тоа што ќе се свртиме кон болката на другите. Кога размислуваме како да ги олесниме страдањата на другите, нашето страдање се намалува. Тука е вистинската тајна на среќата.

10. Ние стануваме подобри кога нашата љубезност се тестира.

11. Нашите непријатели се „наши највредни духовни учители“ затоа што ни помагаат да ја развиеме духовната моќ и да останеме непобедливи дури и кога се соочуваме со трагедија.

12. Без оглед што ви подарува животот, мора да вратите со добрина. Добрината е среќа што не зависи од она што се случува. Тоа е благодарен одговор на можноста што животот ни ја нуди во овој момент.

13. Некаков степен на страдање е неопходен дел од животот – без тоа нема сочувство во нас.

14. Ништо добро не се појавува во овој свет без одредена болка, разочарување и страдање. Ова е во природата на нештата. Така е изграден универзумот. Како кога мајки знаат дека ќе доживеат голема болка при раѓање. Но, тие го прифаќаат тоа. И дури и по најболното породување, по раѓањето на бебето, радоста е неизмерна. Една од неверојатните нешта е тоа што радоста може да се роди толку брзо дури и од страдање.

„Тоа е болно искуство кое помага уште повеќе да ја осветлите светлината на среќата, затоа што тогаш радосните искуства стануваат моменти на големо олеснување.“ – Тибетска поговорка

15. Не треба да се чувствуваме виновни кога ќе доживееме болка. Боли и само мора да признаеме дека боли. Но, всушност, дури и во тешка болка, може да почувствуваме нежност и внимание на оние кои се грижат за нас.

Сподели на Facebook
пати видено