Властите во Кувајт фатиле гулаб кој што тргнал од Ирак да пренесе 200 таблети екстази во рачно изработен ранец прикачен за него. Уште од 12-тиот век тие пренесувале пораки на долги релации, но сега тие се модернизирани и очигледно имаат уште многу што да покажат.

Полицијата од Кувајт смета дека ова е нов начин на шверц на дрога. Откако го отвориле ранецот на птицата тие останале зачудени, бели таблети почнале да паѓаат од ранецот, за кои подоцна се утврдило дека се работи за екстази.

Властите ја фатиле птицата во центарот на градот. Веста за птицата стана интернет сензација и луѓето коментираат дека е „ризик за општеството“ и дека треба да „лежи затвор“.

