Секој сака да се освежи под туш, но ефектот на долгото уживање под водата има не толку пријатен ефект врз природната околина.

Во некои места во светот, како што е случајот со американската држава Калифорнија, веќе сериозно почна да се чувствува недостигот на вода и граѓаните се сѐ повеќе загрижени и критични кон непотребното расфрлање со овој животен ресурс. Поттикнати од тоа, дизајнерите во една нова компанија изнашле дизајн кој се стреми кон подобрување на оваа состојба со поекономично трошење на водата.

11e78d148ec2ea119a9007ec067a51e9_original

Компанијата Небиа развила туш кој троши 70 отсто помалку вода, без тоа да се одрази врз нормалното задоволување на личната хигиена. Како што истакнуваат на Стартпејџ:

Нашата технологија употребува прскалка осмислена да ја атомизира водата под силен притисок, па така млазот вода се распрснува во милиони мали капки. Површината која ја покриваат овие капки е десет пати поголема од таа на нормалниот туш, со што се намалува потрошувачката на вода, а се наводенувате во иста мера како и порано.

e4225684460a32c91cd68dedc0b976f0_original

Луѓето во развиените земји непотребно трошат огромни количества вода. Денес еден човек во просек троши 75 литри вода дневно, и тој износ продолжува да се зголемува. Во 1999 година, износот на просечно потрошено количество вода дневно бил три пати помал.

Овој интересен пронајдок е сѐ уште во фаза на прототип, но напорно се работи на неговото усовршување и оптимизирање.

Сподели на Facebook
пати видено