Кога туристите ги посетуваат поголемите градови им се посочува да внимаваат каде се движат со цел да не бидат ограбени.

Но сепак џепарошите станаа такво секојдневие што ова може да се случи секаде и во секое време. Тајландските туристки Нина Спенсер и нејзината пријателка Тои ја научија оваа лекција на потешкиот начин на патувањето во Лондон.

Тие шетаат низ Кембриџ Циркус и се снимаат со помош на селфи стап. Девојките дури подоцна сфатиле дека на снимка фатиле група на жени која ги ограбила. Откако ја преминале улицата Тои погледнала во нејзината Louis Vuitton чанта и сфатила дека го нема нејзиниот паричник во кој имало 500 евра и кредитна картичка.

Нина и Тои ги разгледале снимките и сфатиле дека всушност ги фатиле на камера виновниците. Тие ги доставиле снимките до полицијата и иако мислат дека се мали шансите повторно да ги видат своите пари се надеваат дека ќе им помогне на полицајците да ја фатат организираната банда во иднина.

Сподели на Facebook
пати видено