Туристка од Нов Зеланд била задржана во притвор речиси два цели дена затоа што властите во Казахстан не верувале дека Нов Зеланд е земја. 28-годишната Кло Филипс-Харис пристигнала во Казахстан во мај, надевајќи се на авантуристичко истражување на планинската земја, како и работа на фарма. Но, кога нејзиниот авион слетал на аеродромот Алмати, службениците одбивале да ја пуштат во земјата, инсистирајќи дека Нов Зеланд е всушност дел од Австралија.

kz01 kz02

„Влегов во одделот за имиграција и тие ми побараа австралиски пасош и ми кажаа дека не можам да влезам во земјата без австралиски пасош. Тие велеа дека Нов Зеланд несомнено е дел од Австралија“, раскажува таа.

kz05 kz04

Набргу потоа ја одвеле во една мала просторија. За нештата да бидат полоши, на ѕидот во просторијата имало стара карта на светот, но на неа го немало Нов Зеланд, што уште повеќе ѝ отежнало да им докаже на аеродромските службеници дека не се во право.

kz06

Во собата имало еден мал кревет, и не добила ниту храна, ниту вода – освен голтка сок од пријателски расположените стражари. За среќа, нејзините контакти следниот ден успеале да ѝ обезбедат нова виза и америкаснки пасош, па така откако малку и ги потплатила службениците, ја пуштиле. Кло Филипс-Харис вели дека тоа било несреќна околност и дека Казахстан всушност е прекрасна земја и ѝ мило што ја посетила.

kz03

Сподели на Facebook
пати видено