Како би изреагирале кога тату артистот би ви го утнал текстот на тетвоважата, која сте побарале да ви ја направи? Секако нема да бидете среќни.

Но, што ако го направил тоа намерно? Па уште и користел смешни и навредливи зборови?

Таа „мака“ ја почувствувале туристи во Тајланд, кои сакале да се истетовираат кај локален тату артист. Тие барале кул тетоважа на тајландски јазик. Сепак артистот го искористил нивното непознавање на јазикот и им истетовирал секакви бесмислени и навредливи реченици.

На една плавуша ѝ истетовирал „по пиа сот“ на грбот, што значи „свежи пролетни ролни“. Исто така и други туристи добиле тетоважа поврзана со храната. На пример на еден маж му истовирал „као ман гаи“, на бицепсот, што значи „пилешко со ориз“, или пак на друг турист му било истетовирано име на рибен ресторан.

Но „најлошите“ тетоважи биле оние со навредлива содржина. Еден маж на подлактицата добил тетоважа „чан чорп хе ле хе чорп чан“, за која мислел дека е мудра поговорка, но всушност значи „јас сакам пенис и пенисот ме сака мене“. На уште една слична тетоважа на бицепсот на еден маж пишувало „Јас сакам пенис“.

Фотографиите биле објавени од човек од Тајланд кој напишал на својот Фејсбук: „Жал ни е за вас. Зарем не знаете?“

Сподели на Facebook
пати видено