Добар ден драги пријтели. Јас сум Срџан Николовски имам 41 година, јас сум музичар по професија и предавам музичко. Порано имавме рок бенд во малата и одевме за некоја банка свиревме ваму таму. Сега по некое време ете го и сино го гледам со другарите се собраја да прат бенд као демек ќе свират.

Ги слушав на почетоко многу кул ми беа и добро свиреа,странски до културни екс-ЈУ рокчина, нешто наше и добро врвеа. Ама како шо гледам полека полека во репертоаро ми клават нешто чудно, срце-вени парачка содржина од сумливи изведувачи.

Неможев да издржам се смешав, му викам шо прајте бе сине вакви песни не врват по ноќни клубој, а тој ми вика, абе ти улав чоек си ние се думаме по свадби да почниме да свириме и плус то газдата ни рече ако не ја научиме “Доџеш ми у сан” и “Жумате жумате” ќе не избрка како песој.

Море си реков шо е работата почнав да се замислувам. Ама многу е едноставно, на сите телевизии Турбо Фолк емисии, Турбо Фолк натпревари, ко ќе нема натпревар врти репризата, од натпреваро, а во слобидно време ДМ-Сат врши, “Мојне мала, мојне мојне да” и “Кад си се ти појавио као да си магија” за друго скоро и да не се знај. А колку е зезната работата слушнав некни на радио една млада дама ко рече, ако можи новата песна од Некс Тајм-Ѓурѓо, амори чупе златно, музички необразовано, та песна се слушаше уште пра дедо ми беќар ко беше и по Џафте корзо Генималки ко шмекаше, а од тогаш има 100години најмалку.

Луѓе, остајте ги вие бомбите и Турските серии нека си возат, остајте ја Збогум Румелија нека тера Ќамуш, оти пола Битола филмски ѕвезди станаја со атеро нејзин и пара кладоја, дајте да напрајме уште некоја емисија како на Паркети шо е она и да ги мениме овие Турбо Фолкерките, оти младината е ептен сиромашна со музика, а уште музика да немаш на ова време, сврши работа, а па ако почнат да се фарбат жените ко Зорица Брунцлик…

НОУ МОР ЕМ СИ ЈАНКО!!!

Автор: Викор А.К.А. Башлак

Сподели на Facebook
пати видено