Мексиканска црква ја подигна најголемата светска статуа на Бебето Исус. Но, вистинското прашање е: дали личи повеќе на Фил Колинс или на Николас Кејџ?

Со висина од 6,7 метри и тежина од 907 килограми статуата патуваше 12 часа од градот Чималхакан до црквата Ла Епифана дел Синјор во централната мексиканска држава Закатека.

Изработена е од Роман Салвадор и ова е импресивна скулптура: но моќта што стои зад неа е засенета од нејзината необична сличност и на Фил Колинс и со Николас Кејџ. За среќа, за да се види каков е консензусот за статуата, Лора Мартинез објави анкета и резултатите беа многу, многу тесни.

Гласачите го фаворизираа Кејџ над Колинс, со 37% кои гласаа за него, наспроти 28% за вториот – сепак, вреди да се напомене дека 35% одговориле: „Не знам едноставно ме плаши“.

Направена од стаклопластика смола, автомобилска паста и автомобилска боја, статуата целосно го надминува претходниот носител на рекордот, кој е 4,8 метри во височина и тежи 300кг. Се разбира, ова е строго ограничено на статуи на Бебето Исус, возрасната верзија има многу поголеми статуи.

Сподели на Facebook
пати видено