Кога станува збор ставањето нов под, имате многу опции. Но, за секој стил на под за кој ќе се решите, ќе треба да потрошите многу пари за професионално да се намести. Освен ако не сте Сани Петис Лац и нејзиниот другар Тони, кои изработиле евтин и уникатен под зе нејзиниот дом, употребувајќи лесно наодливи материјали, без да троши многу пари.

Првиот чекор во изработувањето на дрвениот под за домот на Лац бил да се најде дрво за него. Сани живее во Аризона, па така нејзиниот под во најголем дел е изработен од смрека и бор. За овој проект собрале исклучително отпадно дрво, без да се сечат живи дрва, и целосно во согласност со локалната шумска служба.

Дрвата биле исечени во облик на мали дискови со дебелина од еден инч (2.54 cm) и потоа измазнети. Потоа, Сани и Тони почнале да ги редат на подот.

p01

Редејќи ги дисковите колку што е можно поблиску еден до друг, ги залепиле директно на бетонскиот под, кој претходно темелно го исчистиле.

p02

При работата се грижеле сѐ да биде поставено еднакво и рамно.

p03

Работата им одзела време, но на крајот успеале да го покријат целиот под, по што уште еднаш го израмниле за да добијат целосно рамна површина.

p05 ‘

Потоа нанеле тенок слој на полиуретан а шуплините помеѓу дрвата ги пополниле со смеса од  дрвени струготини.

p06

Потоа нанеле уште два слоја полиуретан и крајниот резултат бил неверојатно уникатен дрвен под, кој совршено се вклопува со нивната покуќнина.

p07

Сподели на Facebook
пати видено