Џордан Тејлор работи како продавач во еден локален маркет во Батон Руж, Луизијана. Неодамна во неговиот маркет влегол Џек Рајан, кој е аутистичен, заедно со неговиот татко. Тој имал барање да направи нешто со што не би се согласил секој вработен во продавница.

Џек многу сакал да ги реди производите на полиците. Џордан се согласил да остане со него и да му помага. Тие трпеливо ставале производи на полиците околу 30 минути. Таткото на Џек кој го снимил видеото вели: „Гледам чудо моментално.“

Сестрата на Џек, Делејни, го објавила видеото на социјалните мрежи, каде што се здобило со огромна популарност. Таа вели: „Тој можеше да го игнорира. Тој можеше да даде изговор и да каже дека не може да му дозволи да му помогне. Наместо тоа, тој му дозволи да го доживее неговиот момент, а за возврат ѝ даде на мојата фамилија момент што никогаш нема да го заборавиме.“

Таа толку била пријатно изненадена од постапката на Џордан што отишла во продавницата за да се фотографира со него. Делејни исто така покренала GoFundMe за него и до сега има соберено околу 2.300 долари за Џордан, кој ѝ кажал дека многу сака математика и дека еден ден сака да предава.

Сподели на Facebook
пати видено