Тројца другари си прават муабет кој како планира да се ослободи од бабата.
Едниот вели:
– Ќе купам отров, секој ден по малку, по малку во кафето… додека не умре.
Другиот:
– Јас пак ќе ѝ подарам нов автомобил. Ќе ѝ ги оштетам сопирачките. Таа ќе се качи да се повози, ќе нагази на гаста, нема да може да запре и ќе се отепа некаде.
Третиот вели:
– Јас пак ќе купам десет пакувања Аналгин. Ќе ги иситнам добро сите, ќе ги ставам во тавата и ќе промешам додека да се стопат. Ќе ги излеам во голема форма и од нив ќе направам едно огромно апче Аналгин.
– И што потоа?
– Ќе влезе бабата во кујната, ќе го види апчето на масата и ќе рече „Еј, колкаво апче Аналгииин!“
– И?
– А јас во тоа време, одзади, со лопатата по главата… так!

Сподели на Facebook
пати видено