14-годишниот Џејкоб Рандел и неговата 5-годишна сестричка Софија од Канада страдаат од агресивна, наследна форма на рак. Тие сега заедно, од истата болничка соба се борат со оваа страшна болест. Трогателен момент е опфатен со фотографија кога малата Софија го прегрнала својот брат, кога на семејството му кажале дека е можеби време да се збогуваат со Џејкоб.

Тие и двајцата се борат со наследената состојба која е предизвикана од генска мутација која може да доведе до многу агресивни, малигни тумори кај децата.

Џејкоб бил на иста возраст како и неговата сестра кога за прв пат му била дијагностицирана болеста, која почнала со повраќање секое утро.

Оттогаш момчето било подложено на тестови, терапии и секаков вид на лечење. Тој не гледа на едното око, а исто така му е оштетен и слухот. Тогаш на родителите им било кажано дека Џејкоб нема да преживее, но се случило чудо и ракот се повлекол.

Неколку години подоцна кошмарот на родителите се повторил со малата Софија. Таа го имала истиот тумор во мозокот како и нејзиниот брат. По одредено време туморот кај девојчето се повлекол и семејството помислило дека конечно се спасило од агонијата.

Но една година подоцна Џејкоб имал рак на бубрезите, а неколку недели подоцна им било кажано дека се туморот на Софија повторно се вратил.

Нивната мајка, Лилиан Хајар која ја објавила фотографијата со нејзините најмили напишала: „Јас сум скршена, сите сме скршени. Ова не е животот кој го замислував за нив. Но тоа е што е и ние ќе чекориме со нив низ таа патека. Џејкоб и Софија, ве сакам, и жал ми е што животот ве присили за ова но не сте сами. Никогаш нема да бидете сами. Ќе бидете добро. Не сега, не утре, но ќе бидете добро. Ве сакам со сѐ што имам.“

Џејкоб и Софија имаат и 7-годишен брат, кој за среќа ја нема истата генетска мутација.

Сподели на Facebook
пати видено