Една жена која што јадела во ресторан на Денот на вљубените, го опфатила нераскажаниот и тажен елемент на романтичниот празник. Чесиди Гвалтни од Корпус Кристи во Тексас, ручала на 14 февруари, кога забележала еден постар вдовец, како споделува оброк со пепелта на неговата покојна сопруга.

Човекот седел сам со две чаши за вино, плачел и ги држел рацете на лицето. На масата имало урна за пепел и картична за Денот на вљубените на која што на насловната страна пишува „Ти и јас“. Чесиди ја споделила фотографијата со цел да ги потсети луѓето дека треба да ја негуваме љубовта додека сѐ уште е со нас.

Чесиди Гвалтни

„Ни сме виновни кога ја земаме здраво за готово нашата друга половина. Можеме да заборавиме да се збогуваме со бакнеж, да речеме дека те сакам или да бидеме зафатени со обврските во тој момент и да заборавиме на малите нешта која ја прават нашата сакана личност толку среќна. Тој дури и купил и чаша вино. Ве молам сакајте ги своите најмили додека можете, никогаш не се знае што може утрото да ви донесе или да ви одземе“, вели Чесиди.

Фотографијата стана многу популарна по социјалните мрежи и голем дел од луѓето ја сметаат за доказ дека љубовта никогаш не умира дури и откако ќе заминеме од овој свет.

Сподели на Facebook
пати видено