Китовите и делфините биле забележани како ги „носат“ или се грижат за своите мртви младенчиња, неколку пати. Овие суштества се способни да тагуваат и понекогаш не можат да прифатат дека нивното дете или придружникот починале.

Научниците сѐ уште не знаат дали водните цицачи навистина ја препознаваат смртта и се обидуваат да спроведат повеќе истражувања за ова прашање.

Во близина на Нов Зеланд била забележана мајка, делфин, која со себе го носи телото на нејзиното мртво младенче. Таа била пратена неколку дена по ред и освен тоа што постојано го носела мртвото тело со себе, „зборувала“ со детето односно му давала вокални сигнали. Исто така се разделила од групата делфини бидејќи телото неколку пати ѝ паѓало во водата и таа се враќала за повторно да го земе.

Неодамна исто така орка кит го привлече вниманието на јавноста откако две недели го носела на главата своето мртво младенче. Научниците велат дека животните не можат да се помират со смртта на своите сакани и продолжуваат да ги штитат од предатори по секоја цена.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено