Тркач од Сан Франциско дошол до уникатна идеја да ја искористи градската мапа како платно за создавање на неговите парчиња уметност. Со помош на специјална апликација, Лени Маухан изработува рута за трчање внимателно избирајќи ги патеките на идната слика.

Лени ги создава своите илустрации последниве неколку години. Досега тој има создадено 53 уметнички дела, кои се разликуваат според нивната сложеност и растојанието што Лени мораше да го покрие за да ја добие сликата. Тркачот вели дека најтежок дел од изработката на неговите уметнички дела е трчањето на ридовите кои се неизбежен дел од создавање на скоро секое ремек-дело. Да се оди по скратен пат не е опција.

Маухан користи специјална апликација за фитнес наречена Strava и MapMyRun која ги снима неговите патеки и ги обезбедува сите статистики што доаѓаат заедно со неговите трчања.

Нозете на Лени „насликаа“ многу извонредни ремек-дела, но портретот на Фрида Кало беше оној го привлече вниманието на луѓето и конечно го затресе Интернетот. Процесот на планирање на трасата трае доста време. Тој најпрво ја црта сликата што сака да ја добие на картата и поминува низ неколку повторувања пред да го започне „уметничкиот“ процес. Тој секогаш мора да биде исклучително внимателен при трчање бидејќи погрешно свртување може да ја расипе целата слика.

Сподели на Facebook
пати видено