20 000 Дедо Мразовци учествуваа во трка во поддршка на кампања сврзана со борба против мултиплекс склерозата. Со цел да се соберат средства за борба против оваа болест, повеќе од 20 000 души истрчаа патека во центарот на Мадрид, облечени како познатиот белобрад старец од Лапонија. Секој од учесниците претходно уплатил сума од 15 евра, а трката се одржала по авенијата „Пасео де ла Кастелана“.

dm

Покрај тоа, единствениот задолжителен услов за учество била облеката – морале да носат костум на Дедо Мраз и бела брада. Родителите кои се вклучиле во оваа благородна иницијатива биле придружени и од своите деца, кои ја имале улогата на џуџиња во зелени костуми. Некои со себе ги повеле дури и своите домашни миленици, исто така облечени во празнична облека.

Сподели на Facebook
пати видено