Една баба си седела во стол-лулка, кога одеднаш се појавила една самовила и ѝ рекла:
– Бабо, ќе ти исполнам три желби.
– Па, сакам да сум многу богата!
Пуф! Столот станал златен.
– Сакам да сум млада и убава!
Пуф! Старата баба се претворила во згодна млада девојка.
Во тој момент во близина поминал мачорот на старицата.
– Сакам овој мачор да се претвори во шармантен млад маж!
Пуф! Мачорот се претворил во спортски граден убавец и проговори со човечки глас:
– Сигурно многу ќе жалиш што ме скопи на времето!

Сподели на Facebook
пати видено