Откако била подложена на рутинска хируршка интервенција, Дона Пенер полека се разбудила. „Ох, добро е, се заврши“, си помислила. И тогаш го слушнала хирургот како бара скалпел. За нејзин ужас, таа целосно се разбудила, а мачењето од час и половина само што започнало. Звучи како нешто од хорор филм или ноќна мора, но според Кралскиот колеџ на анестетичари, „случајното освестување за време на општа анестезија“ се случува отприлика еднаш на секои 19 000 операции. Иако пациентите се будни, тие не можат ниту да зборуваат, ниту да се мрднат поради мускулните релаксанти. Наместо тоа, тие се присилени тивко да ја трпат болката и траумата од операцијата.

Во 2008 година била силно истрауматизирана токму од такво искуство. Најпосле, по девет години, таа е подготвена да зорува за тоа и за Би Би Си објаснла како изгледа тоа да си свесен под хируршки нож.

„Во 2008 година имав закажано лапароскопија во Манитоба, Канада. Тогаш имав 44 години и многу крварев за време на менструалните циклуси…За време на лапароскопијата, хирурго прави засеци во стомакот преку кои вметнуваат инструменти за да можат да разгледаат во стомакот. Се работи за три мали засекувања.

Анестезиологот ми даде нешто интравенозно и потоа ми стави маска на лицето и ми кажа да дишам длабоко. И така и сторив и потонав во сон како што и требаше да се случи.

Кога се разбудив, сѐ уште можев да ги слушнам звуците во операционата сала. Можев да го слушнам персоналот како треска со инструментите и работата на машините и си помислив – о Боже, добро е, се заврши. Лежев таму, чувствувајќи се малку како дрогирана, но во исто време бев свесна и уживав во тоа мрзливо чувство на будење и во тоа што се чувствував целосно опуштена. Тоа се смени за само неколку секунди кога слушнав што зборува хирургот.“

Операцијата ја издражала до крај во свесна состојба, но за среќа сѐ поминало во најдобар ред.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено