Севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-Ун наводно толку се напил што во својот алкохолизиран гнев максимално ги изнавредил и на смрт ги преплашил своите генерали и официри, пишуваат медиумите во регионот. Веста првпат била објавена во јапонски медиум кој се повикува на свој извор, според кој Ким Џонг-Ун во текот на септември толку многу се напил во друштвото на своите воени заповедници што во алкохолизирана состојба почнал жестоко да ги навредува нарекувајќи ги „предавници на нацијата“ поради тоа што не успеале да развијат воен сателит.

km02

„Тоа што не сте способни да развиете еден воен сателит е еднакво на чин на предавство“ – наводно така на сет глас викал Ким во текот на својот испад.

Потоа ги присилил сите воени офицери цела ноќ да пишуваат писма со извинување, а набргу потоа пијан заспал. Кога се разбудил следното утро, бил целосно несвесен за својот испад.

km02

„Што сте се собрале сите овде? Вие сите сте стари и би требало да внимавате на себе“ – им кажал Ким на офицерите, кои заплакале од среќа, трогнати од љубезноста (а всушност од губењето на меморијата) на нивниот шеф кој неколку часа претходно ги преплашил на смрт.

„Воените претставници веројатно плачеле од олеснување што нема да бидат погубиени. Сите покажуваат лојалност поради стравот од смртна казна и не се осмелуваат да проговорат против Ким“, пишува токискиот медиум Токио Шимбун, повикувајќи се на својот извор.

Сподели на Facebook
пати видено