Еден патник снимил мало дете кое ги трауматизирало сите патници за време на лет од осум часа. Уметникот Шејн Товнли го снимал момчето додека се качувало на седиштата и врескало колку што е можно погласно, уште пред да полета авионот од Луфтханза, Германија до Њујорк.

Мајката на момчето, која не е идентификувана, но се претпоставува дека е Американка се обидела да го смири синот така што побарала WiFi од стјуардесата за да може да го вклучи iPad-от. Се претпоставува дека детето можеби страдало од некој вид на инвалидитет кој не е конкретно определен.

Патниците кои се надевале дека 3-годишното дете ќе снема енергија, прилично се разочарале. Видеото кој го снимил Шејн покажува дека неуморното „ѓаволче“ трча по авионот и прави „демонски крици“ во текот на сите 8 часа. Не е јасно дали момчето страда од проблеми во однесувањето, или пак од некоја болест, бидејќи мајката не ги известила сопатниците или екипажот за ваквите можни последици.

Во еден момент детето седело на врвот на седиштето и удирало со рацете во авионот, кога мајка му го замолила да седне: „Смири се душо.“, го молела таа. Екипажот се обидел да направи нешто уште пред да полета авионот, но мајката на детето им кажала дека ќе биде во ред кога детето ќе добие интернет. Авионот полетал, детето добило интернет, но однесувањето останало исто. Кога конечно завршил долгиот лет од 8 часа кај сите патници можело да се види олеснување на нивните лица.

Многу коментари се појавија на социјалните мрежи, од кои некои ја критикуваат мајката, бидејќи сметаат дека детето е само разгалено, а други пак го сожалуваат детето, бидејќи е можно да има одредени здравствени проблеми или пак страв од летање.

Сподели на Facebook
пати видено