Ивана Владислава од Берлин, Германија, е родена како маж, но уште од 11 години решила дека сака да е жена и почнала да прима хормонска терапија.

Сега таа работи како професионална шминкерка и домино дама, за да може да ги плаќа операциите кои треба да ја претворат во „човечка секс кукла“.

26-годишниот трансексуалец иако има извршено 20 операции на своето тело, кои вклучуваат 3 операции на градите, 5 операции на носот, намалување на ушите, вилицата, челото како и други операциски зафати, сепак вели дека не е задоволен од својот изглед и сака да изврши уште промени на своето тело.

Ивана вели дека пред операциите „не се чувствувала убава“: „Претходно ме игнорираа мажите, ми велеа дена не сум лоша но дека не сум убава. Другите жени ме исмеваат и ми велат дека изгледам како секс кукла. Но, јас им велам дека така и сакам да изгледам. Тоа е комплимент за мене.“

Ивана работи како домино дама два дена во неделата. Таа започнала со операциите на 17-годишна возраст и смета дека и „недостасуваат“ најмалку уште 4 операции за да го достигне „совршенството“.

Сподели на Facebook
пати видено