Новинарката Вероника Герин (1959-1996) верувала во разоткривањето на вистината за мафијата и криминалот во Ирска и продолжила да ги пишува нејзините статии и покрај заканите што ги добивала. На 26.06. Герин станувала 24-тиот новинар, кој загинал за време на работа во 1996 година. Таа е убиена во нејзиниот автомобил додека чекала зелено светло на семафорот од двајца мажи на мотори. Герин била релативно нова во новинарството, имала само 6 години искуство, но во 1996 година таа станала една од најголемите ѕвезди.

Нејзината работа е оценета во многу земји, бидејќи таа успеала да ги пронајде и да ги објави информациите кои многу нејзини колеги преферирале да ги задржат во тајност. По нејзината смрт, Герин станала национален херој. По завршувањето на студиите во колеџот Тринити, Герин се приклучила на фирмата на нејзиниот татко, но се повлекла по неговата смрт во 1983 година за да формира сопствена фирма за односи со јавноста.

7 години подоцна се насочила кон новинарството, почнувајќи да пишува бизнис статии за „Sunday Business Post“. Во 1994 година станала истражувачки новинар во „Sunday Independent“, еден од најпопуларните весници на Ирска. Во „Sunday Independent“ таа пишувала стории за криминалот. Наскоро си создала име во новинарските кругови, благодарение на фактот дека изложувала вистини за просперитетната трговија со дрога во Даблин, како и за организираниот криминал.

Карактерот на Герин бил комбинација на упорност и храброст. Често работела од својот автомобил, а не од канцеларија, а понекогаш спиела пред домовите на луѓето со денови додека не се согласат да разговара со неа. Таа не се потпирала на полициски информации и сама се поврзувала со криминалците, убедувајќи многу од нив детално да ги опишат своите активности.

Автомобилот во кој била убиена Вероника

Во октомври 1994 година, Герин ги доживеала првите сериозни последици од нејзината професија кога два куршуми биле истрелани во нејзиниот дом, додека таа била внатре со малиот син. Инцидентот се случил само еден месец откако напишала статија за животот на ирскиот наркобос познат како „Генерал“, кој бил пронајден убиен во неговиот автомобил. Неколку месеци подоцна човек се појавил на нејзината врата и ѝ вперил пиштол во главата, а потоа ја застрелал во бутот.

Џон Гилиган

Во септември 1995 година, Герин била на фармата за коњи на Џон Гилиган, лидерот на подземниот свет во Даблин. Тој и одговорил на прашањата, но пред тоа и ја скинал блузата за да провери дали е озвучена. Но, неколку дена подоцна Гилиган и се јавил на Герин и ѝ се заканил дека ќе го силува нејзиниот син, ако ја објави приказната во весникот.

По убиството на Герин, полицијата започнала истрага, но и самите велеле дека ќе биде тешко да се фати виновникот. Главниот осомничен бил Џон Гилиган. Тој заминал од Ирска еден ден пред убиството, а подоцна бил екстрадиран од Амстердам, но на крајот бил ослободен од обвинението за убиството. Меѓутоа, неговите најблиски потчинети, Брајан Мијан и Пол Ворд, добиле доживотни казни. Сепак, многу луѓе се сомневаат дека овие двајца мажи се убијците на Герин.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено