Сопственик на кучиња признал дека е виновен за смртта на неговите три миленичиња откако пет часа ги оставил во неговиот автомобил заминувајќи да вежба во теретана. 65-годишниот човек ги оставил кучињата Дејзи, Мич и Раскал во возилото паркирано пред сала во англискиот град Питерборо на летните јунски жештини. Додека да се врати во автомобилот, две од кучињата веќе умреле, а тој се обидел да го спаси третото.

„Кучињата со часови биле оставени сами во вжештениот автомобил и сигурно биле преплашени, чувстувајќи се заробени“, вели еден од инспекторите. Тој ден температурата во Питерборо изнесувала 19С. Во автомобилот температурата може да се искачи и 20С повеќе, што значи дека кучињата умреле на неподнослива температура од 40С, оставени без вода и вентилација.

„Овој случај е вистински трагичен инцидент, но може пак да се случи, ако луѓето мислат дека е во ред ако ги остават своите кучиња во нивната кола. Не е“, вели обвинителот.

kc01 kc02 kc03 kc04 kc05  kc07

Сподели на Facebook
пати видено