Трупот на синиот кит е вандализиран од луѓе кои прават селфи со него и е прекриен со графити, откако се појавил на брегот на една плажа во Чиле. Огромниот кит од 20 метри создаде вознемиреност меѓу локалното население откако беше откриен на крајбрежјето на Пунта Аренас во регионот Магаланес во земјата.

Но, наскоро се појавија фотографии на интернет прикажувајќи луѓе кои се качуваат на телото на мртвиот цицач и како газат на неговиот грб.

На трупот на животното можат да се видат стапки од луѓе и како некој изрезбал „Ана те сакам“. Луѓето од целиот свет ги обвинуваат „вандалите“ за непочитта која ја искажале кон починатото животно.

Еден корисник на социјалните мрежи, Херман Хернандез напишал: „Колку глупаво, секој ден стануваме полоши. Како би им се допаднало на луѓето што го напишале ова некој истото да им го напише на нивните мртви тела? Немаат почит кон ништо!“.

Китот сега е префрлен од властите во Чиле за да се истражат причините за неговата смрт. Според првичните резултати можно е китот да починал од одредена болест или поради повреди од судар со брод, иако немало видливи надворешни повреди. Синиот кит е најголемото животно во светот и тешко се мерат поради нивната големина.

Сподели на Facebook
пати видено