Жителите на селото Тоахелипан веќе подолго време знаеле за ова место, дури го викале и „чешма“. Секоја ноќ таму по неколку луѓе полнеле бензин. Луѓето од нафтената компанија често го санирале местото, но селаните повторно правеле дупка на истото место.

Чешмата 4 недели била затворена, цените на бензините во Мексико отишле до небо, кога низ локалното население од околу 20.000 жители се раширил муабетот дека „чешмата повторно работи“. Во петокот навечер стотици луѓе се појавиле на местото со буриња.

Наеднаш се случила страшна експлозија од која загинаа дури 85 луѓе.

Сподели на Facebook
пати видено