Татко умрел во болница откако наводно бил удрен среде улица од страна на неговиот 25-годишен син. Марк Инглиш завршил во кома откако неговиот син Морган го удрил на улица во градот Бризбејн, Австралија. Набргу потоа синот бил уапсен. Според полицијата, таткото и синот имале кратка расправија пред помладиот Инглиш да го нападне својот татко.

Следниот ден, 53-годишниот човек починал во болница. Пред немилиот настан, таткото и синот не зборувале четири години. Кога бил изведен во судницата, синот липал и си ја удрил главата во стаклото на обвинителната клупа. „Те сакам, мамо“, ѝ кажал на својата мајка која се наоѓала во судницата, на што таа му возвратила со „И јас те сакам тебе“.


