Појадок е најважниот оброк на денот, но многумина ја потценуваат неговата важност. Денес сме навикнати да јадеме толку ужасна храна, што веќе заборавивме на традиционалните вредности. Ви предлагаме да се запознаете со националните појадоци од различни земји во светот.

Англиски појадок. Грав, колбаси, сланина, јајца, печурки, тост и чаша чај.

Ирански појадок. Нан со путер и џем. Ако овој лесен појадок не им е доволно, Иранците јадат халим. Халим е мешавина од пченица, цимет, путер и шеќер, варен со сечкано месо во големи садови. Тука исто така можете да видите и иранска верзија на омлет.

Филипински појадок. Локални плодови, како што е мангото, како и ориз со мали колбаси. Пропржени со сол и каранфилче од лук, тие се нарекуваат синангаг. Потоа се мешаат со јајца, месо и грав.

Шкотски појадок. Чкембе со пржени јајца и квадратни колбаси Лорна.

Германски појадок. Колбаси, кашкавал и свежо печен леб.

Појадок на француски начин. Кроасани – празни или со бадеми, путер, чоколадо или крем.

Шведска. Шведски палачинки, познати како панкакор, кои изгледаат како обични палачинки, но се со слатко овошно полнење.

Полски појадок. Пржени јајца со парчиња колбаси и две палачинки од компир.

Турски појадок. Неколку видови на сирење, путер, маслинки, јајца, домати, краставици, џем, мед и зачинето месо.

Австралиски појадок. Веџемит намачкан на тост.

Јапонија. Тофу со риба и ориз, во сос од соја.

Тајландски појадок. Зачинета риба со нане и слатко-зачинето свинско месо.

Египетски појадок. Јадење наречено “Мадамас” направено од грав, наут, лук и лимон. На фотографијата јадењето е зачинето со маслиново масло, буковец, таан сос и се служи со јајца и зеленчук.

Колумбија. Чануга е многу популарно јадење. Се прави со млеко, праз и сирење.

Индија. Индиско тофу, леќа, зеленчук, колбаси, тост со банана пиперки и пржени компири со рузмарин.

Мексикански појадок. Говедско, начос, сирење и грав се дел од појадокот, кој секогаш е богат со зачини.

Гана. Јадење наречено Вакие. Комбинација на ориз со грав.

Американски појадок. Пржена сланина или палачинки со јаворов сируп и боровинки.

Ирски појадок. Изгледа како англиски, но меѓу другото, ќе најдете и бел пудинг и леб од тесто без квасец со сода.

Појадок во Алјаска – Дебело парче сланина и пржени јајца на дебела палачинка.

Македонски појадок. Ајвар и сирење. Кој пробал знае!

Сподели на Facebook
пати видено