Федералното истражно биро (FBI) се смета за почитувана институција, со високо квалификувани агенти кои се грижат за безбедноста на САД. Колку и да звучи неверојатно и FBI има свои испади, со кои се осрамотиле пред целиот свет.

6. Намерно користеле фотографија од друг човек за потерницата на Бин Ладен

Во 2010 година од FBI објавиле потреница за тоа како би требало да изгледа Бин Ладен во тој период. Агентите тврделе дека фотографијата е направена со посебен програм со кој точно е пресметано како би изгледал тој според годините. Подоцна е откриено дека агентот кој ја правел фотографијата всушност користел фотографија од шпанскиот политичар, Гаспар Ламазарес, врз која го фотошопирал лицето на Бин Ладен. „Крајниот производ“ личел повеќе на Гаспар, отколку на Бин Ладен. Од FBI ја признале грешката, а Гаспар изјавил дека се плаши да не биде убиен затоа што луѓето ќе помислат дека тој е Бин Ладен.

5. Агентот задолжен за Њујорк ги загуби плановите за борба против тероризмот за градот

Во јули 2000 година, главниот агент на ФБИ, Џон О’Нил, изгубил чанта со неколку доверливи документи. Еден од документите бил годишниот Извештај за теренските канцеларии, во кој биле содржани детали за сите активни операции и контратероризам во Њујорк. Друг документ содржел информации за информатор од ФБИ. Чантата била пронајдена и според проверката на отпечатоци од прсти никој не ја отворил. Агентот се повлекол од ФБИ во август 2001 година и се вработил како шеф за безбедност во Светскиот трговски центар, каде што бил убиен на 11 септември 2001 година.

4. Агентка се омажила за борец на ИСИС кој го истражувала

Во 2014 година, Даниела Грин била агент на ФБИ задолжен за шпионирање на борец на ИСИС и регрутер на социјалните медиуми. Борецот бил Денис Кусперт, поранешен германски рапер чие сценско име било Дезо Дог. Сепак, тој го зел името Абу Тала ал-Алмани откако се приклучил на ИСИС. Кусперт е еден од најжестоките странски борци во редовите на ИСИС и еднаш е прикажан на видеото како држи отсечена глава и му се заканува на тогашниот претседател Барак Обама. Даниела се заљубила и му кажала на нејзиниот сопруг дека ќе оди да ги посети родителите во Германија, а всушност избегала со Денис во Сирија. Таа не можела да издржи и по неколку месеци се вратила во САД и добила две години затвор.

3. Му дозволиле на иден масовен убиец да купи легално оружје

Во текот на ноќта на 17 јуни 2015 година, Дилан Роуф, 21-годишен маж со расистички ставови влегол во Црквата Емануел АМЕ во Чарлстон, Јужна Каролина, и им се придружил на некои верници. Еден час подоцна тој извадил пиштол и убил девет лица. Сите жртви биле црнци. Во теорија, американскиот закон бара продавачите на оружје да побараат проверки на криминалното минато на потенцијалните купувачи на пиштоли од ФБИ. ФБИ има три дена да го прифати или одбие барањето. Ако не одговори во рок од три дена, продавачот може да продолжи со продажбата.

Роуф бил обвинет за поседување наркотици и ја признал неговата вина, што било доволно за ФБИ да го одбие неговото барање. Сепак, од ФБИ не го отфрлиле, бидејќи информациите за Роуф не биле правилно внесени, а агенцијата се збунила помеѓу две различни полициски одделенија.

2. Ослободиле врвен нацистички шпион

Лидерот на шпионскиот нацистички круг во САД бил Игнац Грибл. Тој и останатите уапсени шпиони требале да ги кажат останатите шпиони, меѓутоа еден од агентите на FBI по грешка им кажал дека ќе мора да сведочат јавно во судот. Со оваа информација, повеќето агенти, вклучувајќи ги и Грибл, избегале. Бегството на Грибл ги изненадило сите затоа што тој требал да биде ставен во притвор од страна на FBI, земајќи ја предвид неговата улога како лидер. Но, тие никогаш не го ставиле во притвор туку го натерале да помине на детектор за лаги и го пуштиле на слобода, без да го пратат.

1. Користеле погрешно видео за да најдат убиец

Џејмс Булгер е убиец, изнудувач, дилер на дрога и шеф на организиран криминал и тој бил најбараниот Американец на ФБИ 16 години пред неговото апсење. Неколку години пред да го фатат Булгер, ФБИ најде видео од двојка, за која мислеле дека се Булгер и неговата девојка Катерина Греиг. Видеото било снимено во одморалиште во Сицилија, а двојката била пратена до Германија. Еден агент на ФБИ се појавил во германска програма за криминал, барајќи информации за тоа каде се наоѓа бегалецот. Двојката во видеото подоцна дала јавна изјава за да го информираат ФБИ дека биле погрешно идентификувани и дека тие не се бегалците кои што ги бараат.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено