Дали уште сега планирате да патувате некаде летово? Ако е така, супер, но сепак погрижете се да се запознаете со законите на земјата која ја посетувате, бидејќи некои нешта можат да ве изненадат, како на пример…

1. Бакнување во јавност

KISSING-06

Ако сте го гледале филмот „Сексот и градот 2“ кадешто Саманта за малку ќе завршеше во затвор поради бакнување во јавност за време на патување на Блискиот Исток, звучи можеби чудно, но таму навистина е против законот да се бакнувате во јавност, без разлика дали сте во брак или не. Така, ако некогаш патот ве нанесе во Обединетите Арапски Емирати, имајте си го ова на ум.

2. Џвакање гума за џвакање

guma

Постојано сте опкружени со луѓе кои џвакаат гуми за џвакање како да се крави кои преживаат. Ако тоа не ви се допаѓа, има решение. Преселете се во Сингапур кадешто тоа е забрането со закон и се смета како „кривичен прекршок“.

3, Мокрење во океанот

pee

Се обидувате да се забавувате во морето, опуштено си пливате, кога наеднаш чувствувате повик на природата и едноставно ќе си завршите работа во воадата. Ако сте во Португалија и ве забележат, за ова би можеле да завршите в затвор.

4. Високи потпетици

potpetici

Ако патувате кај нашите јужни соседи и сакате да посетите некој археолошки локалитет, подобро би било да си понесете влечки, бидејќи Грците сметаат дека со штиклите можете да им ги оштетите историското наследство, па според тоа истото е казниво со закон.

5. Да ви снема гориво

gas-filling

Кога возите на автопат во Германија, од вас се очекува никогаш да не ви снема бензин, бидејќи тоа ќе ви донесе поголема казна отколку да ве фатат да јадете додека возите.

Сподели на Facebook
пати видено