Сметани за некои од најопасните мажи во светот, источно-европските сериски убијци постојано се натпреварувале едни со други во злосторствата, поместувајќи ги границите на бруталноста и бизарноста по секое злосторство. Тие најчесто потекнувале од проблематични семејства, голем дел од нив биле проблематични уште од детството, биле млади деликвенти кои станале возрасни монструми.

Андреј Чикатило

Широко познат како Ростовски Мевосек, Андреј Чикатило, бил осуден на смрт во 1992 година за силување, осакатување и убиство на над 50 жени и деца. Според мајката на Андреј и самиот Андреј, поради големата сиромаштија и глад, неговиот постар брат Стефан бил киднапиран и канибализиран од гладни соседи на возраст од 4 години. Андреј бил одличен ученик и често бил фален од професорите. Тој бил уредник на училишниот весник кога има 14 години, а потоа станал претседател на комунистичкиот комитет на учениците на возраст од 16 години.

Поради добрите оценки сакал со стипендија да се запиште на Државниот Универзитет во Москва. Но поради криминалното досие на неговиот татко, бил одбиен. Бидејќи бил срамежлив со девојчињата Андреј бил сексуално фустриран, а работите станале уште полоши кога станал импотентен. Тој станал електротехничар, но девојките го напуштале затоа што не можел да има односи со нив. Кога приказната се расчула низ селото се обидел да се обеси, а потоа го напуштил селото.

Кога заминал од Украина се преселил во Ростов, каде што дипломирал книжевност на Ростовскиот Универзитет и станал учител, а исто така се оженил со девојка која му ја пронашла неговата сестра. Андреј бил отпуштен од работа затоа што злоставувал неколку ученички. Тој за прв пат силувал и убил 9-годишно девојче и кога сфатил дека така само доживува ерекција убил уште 56 жени и деца. Кога бил осуден на смрт тој изјавил: „Знам дека морам да бидам уништен. Јас бев грешка на природата.“

Ондреј Риго

Риго бил поранешен вработен во Хотел Карлтон во Братислава и тој убил и извршил некрофилија врз 9 лица. Опишан како шизофреничар, социопат и имал екстремно низок коефициент, Риго имал криминално досие и пред да ги изврши убиствата. Тој бил по поправни домови уште од 14-годишна возраст.

Тој убивал жени во нивните домови, а потоа сексуално се задоволувал со нивните мртви тела. Откако една од неговите жртви преживеала Риго бил уапсен. Тој не чувствувал жал за злосторставата кои ги извршил. Бил осуден на доживотна казна затвор, со можност за условно во 2019 година.

Александар Бичков

Родени во семејство на алкохоличари Александар и ниговиот брат биле приморани да собираат железо и да работата во градината. Откако неговиот татко извршил самоубиство на возраст од 40 години, братот на Александар бил нападнат од локална банда и претрпел тешки оштетувања на мозокот. За да се грижи за него Александар го напуштил училиштето.

Отккао го оставила неговата девојка Светлана тој почнал да ги планира убиствата. Своето прво убиство го извршил во 2009 година на 23-годишна возраст. Тој убивал мажи, алкохоличари, намамувајќи ги со вотка. Александар ги касапел жртвите со обичен нож, им ги вадел срцата кои потоа ги готвел и ги јадел, а телата ги закопувал во дворот.

Александар убил 11 мажи, меѓу кои и љубовникот на неговата мајка. „Го пресеков стомакот и градите и го извлеков срцето. Го скрив телото, но го задржав срцето. Кога се вратив дома го зготвив срцето и го јадев со кечап и леб. Беше во ред, малку премногу мрсно, но јас сепак уживав.“, изјавил Александар. Во 2013 година бил уапсен додека се обидувал да ограби продавница. Тој освен грабежот ги признал и убиствата, по што бил осуден на доживотен затвор.

Столе Трифуновиќ

Столе од Ниш, Србија бил најозогласениот сериски убиец во Југославија и познат како најинтелигентниот убиец. Тој убил околу 60 луѓе. Столе растел во семејство во кое неговиот татко бил алкохоличар и често доаѓал со проститутки дома и ја приморувал мајката на Столе да гледа додека тој има односи со нив.

Тој за прв пат силувал 12-годишно девојче, кога самиот имал 15 години. Трифуновиќ талкал по парковите во Белград и демнел двојки. тој го удирал мажот, а потоа ја силувал жената. Првото убиство го извршил во 1948 година кога првин ја силувал а потоа ја задавил жртвата.

Посветен обожавател на Џек Мевосек и Оноре де Балзак, Трифуновиќ пишувал поезија која ја читал на своите жртви пред да ги убие. Една од преживеаните сведочела за ова, додавајќи дека, исто така,  се жалел дека луѓето не ја ценат поезијата и прозата. Столе глумел тивок и мирен човек, како и посветен сопруг. Тој ја убил и сестрата на неговата сопруга.

Полицијата го фатила кога го запалил кафулето на неговиот бизнис партнер и неговите отпечатоци биле пронајдени на флашата со бензин. Тој ги признал убиствата и се самоубил со метална шипка, во неговата ќелија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено