Еврејскиот народ има долга и колоритна историја. Тие дале неки од најголемите научни и религиозни мислители во историјата. Претрпеле многу страдања, но и самите предизвикале такви. Тие се во центарот на случувањата во поголем дел на немирите на Блискиот Исток со создавањето на државата Израел од страна на ОН во дваесеттиот век. Следува група на најпознатите и највлијателни Евреи во историјата – луѓе, кои за добро или лошо, извршиле големо влијание врз светот.

10. Давид Бен-Гурион

16. октомври 1886 – 1. декември 1973

ev01

Давид Бен-Гурион бил првиот министер на Израел. Неговата страст кон ционизмот, којашто ја почувствувал рано во неговиот живот, кулминирала во неговата улога во формирањето на државата Израел. Откако го повел Израел во победа во Арапско-Израелската војна во 1948 година, Бен-Гурион помогнал да се изградат државните институции и го надгледувал доселувањето на голем број Евреи од целиот свет. Откако се пензионирал од политичкиот живот во 1970 година, се преселил во Сде Бокер, кадешто живеел сѐ до неговата смрт. Постхумно, Бен-Гурион бил вброен во 100-те највлијатни луѓе на векот на Тајм Магазин.

9. Нилс Бор

7. октомври 1885 – 18. ноември 1962

ev02

Нилс Хенрик Давид Бор бил дански физичар кој направил фундаментален придонес во разбирањето на атомската структура и квантната механика, за што добил Нобелова награда за Физика во 1922 година. Бор бил ментор и соработник на многу врвни физичари во неговиот институт во Копенхаген. Исто така бил и дел од тимот физичари кои работеле на Проектот Менхетн. Бор се оженил за Маргрет Норлунд во 1919 г. и оеден од нивните синови, Ааге, Нилс Бор, станал значаен физичар, кој исто како и неговиот татко, во 1975. година добил Нобелова награда. Бор се опишува како еден од највлијателните физичари на дваесеттиот век.

8. Густав Малер

7. јули 1860 – 18. мај 1911

ev03

7. Барух де Спиноза

24. ноември, 1632 година – 21. февруари, 1677

Барух или Бенедикт де Спиноза бил холандски философ со португалско еврејско потекло. Покажувајќи значителна научна способност, широчината и значењето на делот на Спиноза не било осознаено со години по неговата смрт. Денес тој се смета за еден од најголемите рационалисти во философијата на седумнаесеттиот век, поставувајќи основа за просветителството на осумнаесеттиот век и современиот библиски критицизам. Врз основа на неговото најголемо дело, посмртно објавената Етика во која Спиноза се спротивставува на дуализмот ум-тело на Декарт, Спиноза се смета за еден од најзначајните философи на западната философија.

ev04

Густав Малер бил композитор и диригент, роден во Бохемија, дел од некогашната Австроунгарска империја, денес дел од Чешка, и во текот на сиот свој живот се идентификувал како германојазичен Австриец. За време на својот живот Малер бил познат како еден од водечките оркестарски диригенти на своето време, а потоа бил вброен и меѓу најзначајните доцно-романтични композитори, и покрај фактот што неговата музика, додека бил жив, никогаш не била целосно прифатена од страна на музичкиот естаблишмент во Виена. Малер претежно пишувал симфонии и песни, неговиот приод кон жанрот често пати ги замаглувал границите помеѓу оркестарска песма, симфонија и симфониска поема.

6. Зигмунд Фројд

6. мај, 1856 – 23. септември, 1939

ev05

Зигмунд Фројд, роден како Сигузмунд Шломо Фројд, бил австриски психијатар кој ја основал психоаналитичката школа во психологијата. Фројд е најпознат по неговите теории за несвесниот ум и одбранбениот механизам на репресеија и за создавањето на клиничка пракса на психоанализата за лечење на психопатологијата преку дијалог помеѓу пациентот и психоаналитичарот. Фројд е исто така познат по неговото редефинирање на сексуалната желба како основна мотивациона енергија на човечкиот живот, како и неговите терапевтски техники, вклучувајќи ја употребата а слободна асоцијација, неговата теорија за пренесување во терапевтската врска и толкувањето на соништата како извор за увид во потсвесните желби.

5. Мајмонид

30. март, 1135 – 13. декември, 1204

ev06

Моше Мајмонид, познат и како Рамбам, бил средновековен рабин, физичар и философ во Шпанија, Мароко и Египет. Неговата етика е заснована врз верата во слободата на човечката волја и неговото дејствување. За Аристотел сметал дека е најголемиот философ на сите времиња и настојувал верата да ја доведе во склад со античката философија. Во своето најважно дело „Водич за збунетите“, се обидел да ја заснова религијата на разумни основи, што довело до жестока осуда од страна на ортодоксните јудаисти. Некои негови книги биле запалени.

4. Алберт Ајнштајн

14. март, 1879 – 18. април 1955

ev07

Ајнштајн бил теоретски физичар од Германија. Тој е најпознат по неговата теорија на релативноста и равенката E = mc², најпознатата равенка во дваесеттиот век. Во 1921 година Ајнштајн добил Нобелова награда за физика, „за неговите заслуги во теоретската физика, и особено за неговото откритие на законот за фотоелектричен ефект.“ Ајнштајн објавил над 300 научни книги и над 150 ненаучни дела. Ајнштајн е обожуван во заедницата на физичарите, а Тајм Магазин во 1999 година го прогласи за „Личност на векот“. Во пошироката култура името „Ајнштајн“ стана синоним за гениј.

3. Абрахам

2000 пр.н.е. – 1825 пр.н.е.

ev08

Јудаистичката, христијанската и муслиманскат традиција Абрахам го сметаат за патријарх-основач на Израелитите, Ишмаелитите и Едомитите. Тој нашироко е признат за основач на јудаизмот и монотеизмот. Абрахам значи „Голем татко“ или „Возвишен татко“, од еврејските зборови „Аба Рама“. Јудаизмот, христијанството и исламот понекогаш се нарекуваат „Абрахамски религии“, врз основа на основачката улога на Абрахам во светите книги на овие три главни монотеистички религии. Според Книгата на постанокот, Бог го донел Абрахам од Месопотамија во земјата Канаан. Таму Абрахам склучил завет дека во замена за признавањето на Бог како врховно божество и авторитет, Абрахам ќе биде благословен со несогледливо многубројно потомство.

2. Мојсеј

1393 пр.н.е. – 1273 пр.н.е.

ev09

Мојсеј бил библиски еврејски религиски водач, законодавец, левит, пророг и војсководец, кој ја напишал Тората. Тој се смета за најзначаен пророк во јудаизмот. Според Книгата на егзодусот, Мојсеј бил роден од мајка Еврејка, Јошебед, која го скрила кога фараонот наредил сите еврејски деца да бидат убиени, и на крајот тој бил посвоен од египетското кралско семејство. Пп убиството на египетски робовладетел, Мојсеј избегал и станал овчар. Подоцна Бог му заповедал да ги избави Евреите од ропство. По десетте чуми кои ги фрлил врз Египет, ги извел еврејските робови од Египет преку Црвеното Море, по што тие 40 години скитале низ пустината. Во тој период Мојсеј ги примил Десетте Божји заповеди на планината Синај.

1. Исус

7-2 г. пр.н.е. – 26-36 г. н.е.

ev10

Исус од Назарет е основач на христијанството, религијата којашто ја обликувала Европа, и со колонијализмот, поголемиот дел од светот. Како најголема религија во светот, нема сомнеж дека христијанството и ден денес игра значајна улога и има големо влијание. Основните извори за информација во поглед на животот и учењето на Исус се четирите канонски евангелија. Најкритичните научници од полето на историјата и библиските студии веруваат дека древните текстови за животот на Исус се барем делумно точни, согласувајќи се дека Исус бил галилејски Евреин кој во неговото време бил сметан за учител и исцелител. Тој бил крстен од св. Јован Крстител и распнат во Ерусалим по наредба на римскиот префект за Јудеја, Понтиј Пилат, под обвинение за подбуцнување бунт против Римската империја.

Сподели на Facebook
пати видено