Патувањето со комерцијални авиокомпании може да биде прилично стресно. Како за патниците, така и за екипажот. Следните десет приказни спаѓаат во комични, епски грешки и кризи на пилотите и стјуардите кои нивните патници наскоро нема да ги заборават.

10. Погрешна дестинација

Во јануари 2014 година, патниците на авионот на Southwest Airlines се вознемириле кога морале да поминат низ проблематично слетување. Но, тоа не бил најголемиот проблем. Тие слетале на погрешна писта, во погрешен град, „благодарение“на грешка направена од пилотот. Авионот слетал на помал аеродром во Мисури, САД.

9. „Авантуристи“

Двајца сентиментални пилоти на Air Berlin сакале да се збогуваат на многу авантуристички начин. За време на слетувањето на последниот трансатлантски лет на авиокомпанијата од Мајами до Берлин, пилотите ја земале контролата над авионот во свои раце и почнале да прават остри маневри пред да слетаат додека патниците вриштеле, а вработените на аеродромот мислеле дека авионот ќе се урне. Подоцна пилотите биле суспендирани.

8. Точка на вриење

Сите имаме точка на вриење, но Стивен Слатер, стујард за JetBlue тоа го чинело неговото работно место. За време на летот Стивен предупредил еден патник да седне на местото и да не ја отвара преградата за рачен багаж. Патникот не го послушал, а кога Стивен поминувал преградата се отворила и багажот на патникот паднал врз главата на Стивен. Но, наместо да добие извинување, патникот почнал да го навредува Стивен. Стивен дошол до разгласот и почнал вербално да го навредува патникот со свој „сочен“ избор на зборови. Потоа се напил пиво, а кога слетале во вклучил излезот за евакуација за итни случаи и драматично се лизнал од својата 20-годишна кариера.

7. Пцости во воздушниот простор на Тексас

Пилот на Southwest Airlines по грешка ја вклучил опцијата сите во воздушниот простор на Тексас да го слушаат разговорот во кабината. Тој зборувал како очекувал да има убави девојки, но дочекал само „педери и баби“. Пилотот добил наредба од конторлната кула да престане со таквите изрази, а потоа бил и суспендиран.

6. Повик од природата

Во 2009 година 43-годишниот Јао Кореа добил дијареа за време на летот од Хондурас до Атланта. Тоалетот во неговата класа не функционирал и тој тргнал кон тоалетот во бизнис класата, но стјуардесата ја ставила нејзината рака пред тоалетот и не му дозволувала, затоа што тоа било против правилата на компанијата. Кореа кога не можел да издржи ја свиткал раката на стјуардесата и влегол во тоалетот да се „олесни“. Кога се симнал од авионот бил уапсен и добил 3 месеци условна казна за напад.

5. Задоволство во облаците

Пилотот на British Airways, Колин Гловер бил фатен како мастурбира во пилотската кабина, додека бил на 11.600 метри. На фотографиите се гледало и порнографско списание, како и црни хулахопки кои ги носел Гловер и гол маж во тоалетот на авионот. Гловер бил отстранет од неговото работно место.

4. Вресок

Во октомври 2017 година, кога летот AirAsia кој се движеше од Перт до Бали доживеа ненадеен пад на притисокот во кабината, предизвикувајќи авионот да опаѓа 6.700 метри. Иако немало преголема паника кај патниците, една од стјуардесите почнала панично да вреска по што по неа почнале и патниците, а некои од нив праќале и пораки на своите најблиски за да се збогуваат. Кога се вратил авионот во нормала и слетал од авиокомпанијата објавиле јавно извинување за „недоразбирањето“.

3. Предупредувачки знаци

Во 2015 година лет на American Airlines кој бил упатен кон Германија доживеал непријатности поради стјуардесата Џоан Сноу. Нејзините колешки и маршалот на летот тврделе дека Сноу се однесува чудно, но од авиокомпанијата решиле да и дозволат да лета. За време на летот таа и удрила шлаканица на колешката, а потоа успеала да го накаутира и маршалот. За некои чудо таа не била уапсена и требала да се врати со истиот лет во САД, но на аеродромот го нападнала обезбедувањето. За време на судењето било заклучено дека Џоан имала привремено лудило поради „Психотичен напад додека се лекувала со инјекции со хормон против стареење.“

2. Затворен во тоалетот

Оваа комична ситуација лесно можела да стане трагедија. На 3.000 метри пилотот на Chatauqua Airlines морал да оди во тоалет. Но, кога сакал да излезе рачката се скршила и тој останал заглавен. Бидејќи авионот требал да слета за неколку минути пилотот почнал да бара помош и го слушнал еден патник во првиот ред. Патникот отишол до пилотската кабина да ги извести што се случило. Но бидејќи патникот бил од истокот и имал таков акцент, копилотот помислил дека се работи за киднапирање на авионот и веднаш ги известил надлежните и не го пуштил човекот во кабината. За среќа пилотот успеал да ја скрши вратата со нозете и авионот слетал безбедно.

1. „Сите одиме долу“

Во 2012 година пилотот на JetBlue, Клејтон Осбон, „полудел“ и на разгласот им рекол на патниците: „Ова е вашиот капетан кој полудува. Еб*** молете му се на Исус сега. Овој авион никогаш нема да пристигне во Вегас. Сите одиме долу.“ Додека патниците се припремале за најлошото, неколку храбри луѓе отишле во пилоткста кабина и го врзале пилотот. Осбон не бил проглеасен за виновен, затоа што неговиот „испад“ го сметале за привремено лудило. Уште поголемо лудило е што тој подоцна ја тужел компанијата за 15 милиони долари затоа што авиокомпанијата не внимавала на неговото психичко здравје и дозволила тој да го загрози неговиот живот, животот на патниците и да си ја уништи кариерата.

Сподели на Facebook
пати видено