Историјата е исполнета со најразлични забрани за кои владите тврделе дека ги прават со „чесни“ намери за да ги заштитат граѓаните на државата. Некои од овие забрани се поставени од екстремно бизарни причини.

10. Кечапот е забранет во училиштата во Франција

Во основните училишта во Франција има ограничена количина на кечап која што може да се консумира само доколку се служи помфрит. Владата на Франција за вовела оваа мерка со цел да се зачува традиционалната кујна на Франција и да спречат рестораните за брза храна да изгледаат привлечни за децата.

9. Во Милано е забрането да бидете наумртени

Во Милано не е легално да бидете намуртени и натажени, освен на погреби и во болници. Овој закон потекнува од 19-тиот век и уште не е укинат и подложи на парична казна.

8. Сексуалното образование е забрането во Уганда

Професорите во училиштата се плашат да им одговорат на прашања поврзани со сексот на нивните ученици. Многу невладини организации се залагаат сексуалното образование да се воведе во Уганда за да се спречи ширењето на сида.

7. Во Северна Кореја е забранет сарказмот

Помеѓу големиот број на забрани во Северна Кореја се наоѓа и сарказмот. Тој е забранет со цел граѓаните да не се обидуваат индиректно да ја навредат власта. Забраната била воведена откако саркастичниот израз „За се е виновна Америка“ се појавил меѓу граѓаните.

6. Фармерките се забранети во Северна Кореја

Уште една бизарна забрана во Северна Кореја. Корејската влада смета дека фармерките ги приближуваат луѓето до западната култура и затоа се строго забранети.

5. Жолти маици биле забранети во Малезија

Во 2015 година секој кој носел жолта маица завршувал во затвор, поради тоа што во тој период жолтите маици биле носени од анти-владини протестанти. Владата ги забранила жолтите маици кога протестот станал масовен, но забраната била тргната во 2016 година.

4. Западни фризури се забранети во Иран

Во 2010 година владата на Иран донела закон со кој се забранува граѓаните на Иран да имаат долга коса и коњско опавче поради тоа што тие фризури се поврзуваат со западната култура. Затоа владата направила избор од „Ирански“ фризури кои биле дозволени да се носат.

3. Апостолките се забранети во Капри, Италија

Овој закон се смета за еден од најбизраните затоа што нема конкретна причина за него. Наводно властите на Капри сметаат дека апостолките прават многу врева и им го нарушуваат мирот на граѓаните кои живеат таму.

2. Клер Данес е забранета во Манила

Актерката Клер Данес е забранета во Манила од 1998 година поради тоа што во едно интервју изјавила дека Манила е „гнасен и чуден град“. Затоа градот Манила ставил забрана Клер никогаш повеќе да не може да влезе во градот, а исто така сите работи поврзани со неа, нејзиниот лик и филмовите во кои глуми биле забранети.

1. Танцувањето по полноќ било забрането во Јапонија

Дури 67 години танцувањето по полноќ било забрането во Јапонија. Танцувањето во јавност било забрането, а дискотеките требале да поседуваат посебна лиценца каде се одобрува танцувањето но само до полноќ. Во 2015 година овој закон бил укинат.

Сподели на Facebook
пати видено