Колку и да се чувствувате осамено – знајте дека никогаш не сте сами. Вашето тело е покриено и исполнето со бактерии и микроорганизми. Некои од нив се неопходни за вашето здравје, но други се напасници кои би требало да ги избегнувате. Погледнете ги какви се, во сиот нивен раскош и убавина.

Демодекс

bk01

Не само што на повеќето луѓе им ползи овој паразит околу фоликулите на трепките и веѓите, туку колку сте постари, толку нивниот број се зголемува.

Ретко излегуваат надвор од корените на влакната. И не се сами. Има три различни видови на овие паразити, вклучувајќи го и тој кој луѓето го прифатиле од кучињата пред илјадници години.

Дерматофагоиди

bk02

Овој паразит живее и се гости со вашите мртви кожни клетки – тие на вас, како и тие кои паѓаат во форма на прав во вашата околина. Особено го сакаат вашиот кревет, и ако не ја контролирате нивната бројност, може да си закачите и астма или други проблеми со дишењето.

Вошки

bk03

Човечките глави се единствената соодветна животна средина за овој вид на паразити, и тоа е причината зошто толку се борат да основаат свои колонии во косите на децата ширум светот.

Вошките на главата не пренесуваат заразни болести, но затоа многу сврбат, а сврбењето често доведува до инфекција.

Срамни вошки

bk04

Многу понепријатни се срамните вошки. Се сместува удобно во секое влакно кое што ќе го најде, било да се работи за срамните влакна или за трепки. Потребен е поблизок контакт за да се рашират, и тоа е причината зошто почесто се среќава кај возрасните.

Забен плак

bk05

Забниот плак не е пасивна материја. Се работи за половина наслаги од храна и половина бактерии кои се хранат од тие остатоци. Како што бактеријата ги јаде остатоците од храна во вашата уста, произведува киселина која ги разјадува вашите заби.

Забниот плак одблизу

bk06

Биофилмот на плакот е составен од најразлични видови на бактерија. Најчест жител сепак се Streptococcus sanguis и Streptococcus mutans. Четкањето на забите никогаш не ги отстранува овие бактерии – бидејќи тие се постојани жители во вашата уста, т.е. ваши доживотни потстанари. Четкањето само ја отстранува храната со која се гостат.

Јазични бактерии

bk07

Иако бактериската киселина не може да ви го нагризе јазикот, сепак треба да го исчеткате и него кога ги четкате забите. Доколку не одржувате хигиена на устата како што треба, бактериите можат да станат многу инвентивни и да се населат и во задниот дел од устата, правејќи ве горд сопственик на појавата наречена халитосис, т.е. лош здив.

Кожна бактерија

bk08

Staphylococcus epidermidis е една од типичните бактерии која ја создава здравата флора на вашата кожа, а може да се сретне и во вашите црева и горниот респираторен трак исто така.

Вообичаено не предизвикува штета, но сака да го направи тоа. И ако добие шанса, ќе се претвори во инфекција. Не можете да ја отстраните оваа бактерија. Сѐ што можете е да го одржувате нивниот број најнизок што може преку квалитетна хигиена.

Лактобацили

bk09

Лактобацилот е пријателскиот микроорганизам кој плива во вашат аутроба и го одржуваат здравиот метаболизам така што хранејќи се некои лактози и шеќери ги претвораат во киселина.

Lactobacillus Acidophilus

bk10

Ова е полезната верзија која живее во вашата вагина. Со помошта на своите пријатели, ацидофилниот лактобацил се бори со бактериите и габите на кои таму не им е местото.

Атлетско стапало

bk11

Од Википедија:

Атлетското стапало е честа габична инфекција, но не мора да сте спортист за да ја добиете. Оваа раздразнувачкатегоба најчесто се јавува кај мажите и момчињата,но доста е честа и кај жените и девојчината. Речиси сосема непозната во античка Грција и Рим, кога луѓето оделе боси или носеле сандали, атлетското стапало е придружен елемент во општествата во кои најголем дел од жителите речиси постојано носат обувки.

Сподели на Facebook
пати видено