По медиумите се појавија фотографии со Индонезиец кој тврде дека е најстариот човек во светот со своите неверојатни 145 години. Според документацијата призната од индонезиските власти, Мба Гото има 145 години и е роден на 31 декември 1870 година. Тој надживеал сите свои десет браќа и сестри, како и сите негови четири жени, при што последната од нив починала во 1988 година. Умреле и сите негови деца и сега е современик на своите внуци, правнуци и праправнуци.

На сликите се гледа како човекот јаде, пие и минува време со членовите на своето семејство. И покрај неговата напредната возраст, тој сѐ уште може да оди и да се движи самостојно. Доколку документите се точни, ова го прави значително постар од најстарата верификувана личност, Французинката Жан Калмон која доживеала 122 години. Во интервју за локална телевизија, човекот го изјавил следново:

„Тоа што сакам е да умрам. Моите внуци се сите самостојни и независни луѓе.“

„Тој јаде сѐ и никогаш не бил болен“, дополнува член на неговото семејство. Сурјанто, внук на Гото вели дека неговиот дедо се подготвува да умре уште од неговите 122 години, но смртта никако да дојде. „Надгробната плоча онаму беше направена во 1992 година. Тоа беше пред 24 години.“

Дали овој човек ќе биде забележан како најстар човек во светот останува предмет на разгледување, бидејќи документите досега не биле независно верифицирани.

st01 st02 st03 st04 st05 st06 st07

Сподели на Facebook
пати видено