Во возовите во Кина најчесто има многу гужва и сите се зафатени со своите животи, но неодамна 14-годишно момче им го привлече вниманието на патниците со неговата голема љубов кон помалото братче. Откако се појавило видеото во јавност момчето било прогласено од интернет корисниците за „Најдобриот постар брат во светот“.

Момчето го носело помалиот брат во рацете со часови, додека седел во ходникот, за да може детето да спие. Двете деца патувале со своите родители, но тие не можеле да си дозволат карти со седиште, па затоа купиле карти за стоење.

Затоа 14-годишното момче седнало на неговата торба во ходникот и го држел помалиот брат во рацете. Сцената била забележана од друг патник кој бил трогнат од однесувањето на постариот брат. Тој вво видеото вели дека го држи брат му веќе еден час, а и ќе продолжи така до крајот на патувањето кое ќе трае околу 4 часа. Исто така истакнал дека „не е уморен“.

Иако многу луѓе го пофалиле однесувањето на тинејџерот многу критики биле упатени кон неговите родители, кои требале да му помогнат.

Сподели на Facebook
пати видено