Една жена останала во шок откако слушнала голема експлозија која доаѓала од нејзиниот тоалет. Кога влегла внатре забележала дека школката се распрснала на сите страни и имало ситни парчиња порцелан.

Она што е уште почудно е причината поради која се случила експлозијата.

Причината биле гасовите од прдежи. Да, добро прочитавте. Гром удрил во септичка јама во нејзиниот двор и поради гасовите тоалетот во куќата експлодирал. Жената во моментот на експлозијата за среќа била во кревет.

Таа потоа повикала служба и им ја објаснила целата ситуација, а тие ја откриле бизарната приказна на нивната Фејсбук страна. Тие во опис напишале: „Нема повеќе какање додека надвор има бура.“

Па, зошто точно експлодирал тоалетот во куќата? Џордан Хагарон сопственик на А-1 Affordable Plumbing Inc. објаснува:

„Метанот е гас предизвикан од бројот два. Природниот гас е од го*на буквално. Капакот на септичката јама беше само еден сантиметар под земја и се смета дека краткото растојание помеѓу површината и резервоарот може да придонесе за можноста да експлодира. Бидејќи громот го погодил резервоарот, тој дејствувал како совршен катализатор за запалување на природниот метан, кој патувал по канализационите цевки и довел до голема неред во бањата.“

Сподели на Facebook
пати видено