Пастор Роберт Болдвин заедно со Сем Литл, поранешен визионер од Англија, кој финансирал дел од проектот, промовирале таканаречен „Чудесен минерален раствор“ на сиромашните луѓе од Уганда. 52-годишниот свештеник тврдел дека овој чудесен лек ќе ги излечи од маларија и ХИВ.

Но „лекот“ всушност бил индустриско белило. Луѓето и доенчињата биле лечени со хлор диоксид – штетна супстанца за која ФДА предупредува може да предизвика гадење, повраќање, дијареа и симптоми на тешка дехидратација. Роберт испраќал големи количини од „чудотворниот лек“ во Африка и 1.200 свештеници добиле наредби да ги лекуваат луѓето по секоја миса во недела.

 

Покрај тоа, тој нуди паметни телефони на оние кои се „посветени“ на проектот. Роберт им кажувал на луѓето дека мора да го испраќа лекот преку црквата за да остане „под радарот“ и да не го фати владата и фармацевските компании. Тој вели дека не нанесува голема штета и малите деца и новороденчињата добиле само дијареа.

Свештеникот се оградува и вели дека тој не го промовира производот и не им го дава директно на луѓето, туку дека само ја промовира верата. Здравствените организации постојано ги предупредуваат луѓето да не веруваат во „чудотворниот лек“, бидејќи се појавуваат сѐ повеќе пациенти со симптоми од „Miracle Mineral Solution“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено