Човек од Џорџија поднел жалба до комитетот за контрола на полицијата, тврдејќи дека бил малтретиран од полицијата додека се шетал по најпрометниот аеродром во светот со неговата автоматска пушка AR-15. На педесетгодишниот Џим Кули трипати му пристапиле полицајци во и надвор од аеородромот, а поручник на полицијата го сликал во неговото комбе.

Кули тврди дека полицајците кои го прашале зошто носи пушка и дали има дозвола за неа ги нарушиле неговите права, истакнувајќи дека законот на државата Џорџија му дозволува да поседува и носи огнено оружје во јавност, вклучувајќи и аеродроми во делови кои не се под контрола на Управата за безбедност во сообраќајот.

Кули објаснува:

Јас секогаш носам пушка поради лична безбедност, и иако имаме право да носиме, јас не се правдам со тоа дека имам право. Ја носам поради безбедност бидејќи никогаш не знаеш што може да ти се случи додека си надвор.

AR-15-1

Кули и неговата ќерка

Човекот ги снимал неговите средби со претставниците на власта тој ден. Изгледајте ги споделете ги вашите коментари за оваа ситуација и за ова право на американските граѓани. Сепак, да не заборавиме дека токму поради слободниот и неконтролиран пристап до оружје во САД се случуваат голем број убиства, вклучително и масовни убиства и тоа во училишни средини.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено