Што треба да прави прекрасна матурантка кога сака да личи на Бијонсе за време на својата матурска забава, но нема пристап до славните дизајнери како што тоа го има славната ѕвезда? Па, ако е амбициозна како оваа тинејџерка од Сен Луис, едноставно ќе се здружи со некој локален дизајнер за да си создаде свој гламур. Како и многу други обожавателки на модата, Инди Рос паднала на изгледот на Бијонсе за време на Мет Гала 2015. Ѕвездата се појавила во речиси провиден и тесен фустан на Живанши, богато украсен со разнобојни кристали.

Но, наместо напразно да мечтае за таков еден ден кога и таа ќе стане славна, Инди се советувала со локален дизајнер да ѝ помогне да го пресоздаде оригиналниот изглед на Бијонсе за нејзината матурска вечер. Наесен Инди планира да се запише на моден дизајн на колеџот Колумбија во Чикаго. И иако сега за сега ја делат години од остварувањето на нејзиниот сон за отворање на сопствена продавница за облека, веќе почна да создава свое име.

„Јас си имам свој вкус и стил, но Бијонсе е мојата инспирација“, вели тинејџерката. „За изработка на мојот фустан беше употребен мрежест материјал со 2000 рачно поставени кристали, а целиот проект чинеше околу 800 долари. Мојот партнер и јас се чувствувавме како Бијонсе и Џеј Зи. Тоа не беше матурска, тоа беше како да сме на доделување на Греми наградите. Сите се џареа.“

bj01 bj02 bj03 bj04 bj05 bj06 bj07 bj08 bj10 bj11 bj12 bj13 bj14 bj15

Сподели на Facebook
пати видено